ЕУ има негативен природен прираст, но населението се зголемува поради мигрантите
На 1 јануари 2026 година, во ЕУ живееле 452,0 милиони жители, што е за 706 000 повеќе од претходната година. Ова е петта година по ред да има на раст на населението во ЕУ, по падот во 2021 година за време на пандемијата COVID-19.

Негативниот природен прираст во ЕУ (повеќе смртни случаи отколку раѓања) што трае од 2012 година, се компензира со позитивна нето миграција, покажуваат податоците на Евростат.
Во периодот од 1960 година, пак, населението на ЕУ се зголемило за 97,5 милиони, од 354,5 милиони на 452,0 милиони во 2026 година. Во исто време, стапката на раст на населението се забави. Во просек, населението се зголемуваше за 3,0 милиони луѓе годишно во 1960-тите, а за 0,6 милиони по 2010 година
Петте најнаселени земји сочинуваа две третини од популацијата на ЕУ: Германија (18,5% од населението на ЕУ), Франција (15,3%), Италија (13,0%), Шпанија (11,0%) и Полска (8,0%).
Помеѓу 1 јануари 2025 година и 1 јануари 2026 година, населението се зголемило во 16 земји од ЕУ. Иако со најмал број на жители, Малта бележи највисока стапка на раст (+24,1 на 1000 луѓе), заедно со Кипар (+13,7) и Луксембург (+13,1). Најголемо опаѓање на населенеито, пак, има во Летонија (-8,3 на 1000 луѓе), Естонија (-6,8) и Унгарија (-5,4)






