ЕУ: Лукашенко не е на списокот на санкции, но тоа може да се смени
Европската унија, во врска со фактот дека претседателот на Белорусија Александар Лукашенко не е на списокот со оние што ЕУ ќе ги санкционира за насилство по претседателските избори во Белорусија, посочува дека внимателно ќе ја следи ситуацијата и дека може да се смени.
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел вели дека лидерите на ЕУ без дебата го прифатиле списокот на луѓе предложени од европските министри за санкции кога станува збор за Белорусија.
– Ние се залагаме за инклузивен дијалог во Белорусија и се надеваме дека ОБСЕ ќе може да има ефикасна улога во подобрувањето на ситуацијата, рече Мишел.
Францускиот претседател Емануел Макон оцени дека Лукашенко намерно е изоставен од списокот со санкции, бидејќи се очекува да прифати дијалог со опозицијата и посредување на ОБСЕ.
– Неговото санкционирање ќе биде начин да се оправда одбивањето да учествува во разговорите, а важно е тој да биде вклучен во процесот, рече Макрон.