Еурофарм Пелистер поразен од дански Архус во ракометната Лига Европа

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер загуби вечерва на гостувањето во Данска од Скандерборг Архус со 24-22 во рамки на 7. коло од групата Д во ЕХФ Европската лига.

За битолскиот состав ова е трет пораз во низа на меѓународната сцена, откако минатата недела ги загуби двата воведни дуели и во регионалната СЕХА лига од Војводина и Нексе на гостински терен.

Еурофарм Пелистер имаше предност од 11-9 во самиот финиш на првото полувреме, но Архус со два брзи гола ја анулираше негативата по што го отвори вториот дел со серија од 3-0. Уследи нова серија од 6-0 на данскиот тим за предност од 21-13 што до крајот на натпреварот беше недостижна за Еурофарм Пелистер.

Пешевски и Радовиќ постигнаа по четири голови за битолскиот тим, а Лесјак на голот запиша 12 одбрани.

Со ефект од две победи, едно реми и четири порази Еурофарм Пелистер е четвртопласиран во групата во Лига Европа пред следната пресметка против португалски Агуаш Санташ на 14 февруари во Битола.

Back to top button
Close