Евакуиран лондонскиот плоштад Трафалгар, инцидентот е брзо завршен

Британската полиција денеска соопшти дека накратко го евакуирала лондонскиот плоштад Трафалгар, во близина на местото каде што подоцна ќе се одржи прославата по повод платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета, но и наведе дека безбедносното предупредување набрзо е укинато и плоштадот повторно ќе биде отворен.

„Инцидентот сега е завршен и плоштадот повторно ќе биде отворен во догледна иднина“, објави полицијата на Твитер, пренесува Ројтерс.

Според претходна изјава на портпаролот на полицијата, се верува дека инцидентот вклучувал сомнителен пакет.

Тој рече дека претходно биле извршени неколку проверки во областа, која е на кратко растојание од местото каде што ќе се одржи концертот пред Бакингемската палата во текот на денот, пренесе Ројтерс.

Британски „Сан“ објави дека плоштадот Трафалгар бил евакуиран откако на најпознатиот плоштад во Лондон бил откриен „сомнителниот пакет“.

Преплашените набљудувачи рекоа дека слушнале „силна експлозија“ набргу откако полицијата ги предупредила луѓето да се држат подалеку од областа.

Присутна била и лондонската противпожарна бригада, објави британски Телеграф.

Како што беше наведено, Брзата помош соопштила дека е запознаена со полициската акција, но дека не била повикана.

Поради инцидентот, посетителите повеќе не смеат да влезат во Националната галерија, изјавија претставници на популарната туристичка атракција, пренесе Телеграф.

Back to top button
Close