Европа „заработи“ 1,2 тpилиoни евра поради Брегзит

– Британските банки и осигурителни компании преместиле активи во износ од над трилион фунти од Британија во Европската унија поради Брегзит. Тоа се нагласува во анализа на консултантската фирма Њу Фајненшл.

Повеќе од 440 фирми од банкарскиот и финансискиот сектор во Британија преместиле дел од бизнисот и тимовите во нови места во држави во ЕУ.

Според нив, тоа е сума од трилион фунти односни околу 1,2 трилиони евра.

Од Њу Фајненшл сметаат дека „сега е само крај на првата етапа од промените“. Тие сметаат дека британските банки преместиле активи за 900 милијарди фунти во држави од Унијата или 10 отсто од активите на Островот, а осигурителните компании – над 100 милијарди фунти.

Back to top button
Close