Европската истражна комисија ПЕГА бара целосно расчистување на случајот со прислушувањата во Грција пред изборите

Итно и целосно да се расчисти случајот со прислушувањата во Грција и употребата на софтверот Предатор, пред следните избори во земјата што треба да се одржат пред следното лето, побара истражната комисија ПЕГА составена од европратеници од Европскиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Европратениците од комисијата, кои ја истражуваат употребата на нелегални софтверски програми, како што е Пегасус, во изминатите четири дена беа во посета на Кипар и Грција, а денеска во Атина одржаа прес конференција, на која говореа за заклучоците од средбите со новинари, владини претставници, прислучкувани лица и сл во двете земји.

Претседателот на комисијат Лероен Ленарес и известувачката Софи Инт Велд истакнаа дека по четиридневната посета дознале многу работи, но и многу прашања остануваат неодговорени, за што Велд исткна дека си заминуваат, можеби со повеќе прашања од оние што ги имале кога пристигнале.

Во однос на употребата на софтверот за следење Предатор во Грција, известувачката и европратеничка истакна дека не добиле одговор на прашањето кој ја користел конкретната програма и порача дека е потребна декласификација на информациите и доверливите податоци, нешто што може да го стори гечкиот премиер.

Известувачката на ПЕГА во вторник ќе го претстави драфт извештајот по посетата на Грција и Кипар.

Back to top button
Close