Европската комисија донесе одлука – Скопје е избран за „Европска престолнина на културата за 2028 година
📢Европската комисија донесе одлука – Скопје е избран за „Европска престолнина на културата за 2028 година“.
🎉Македонската култура успеа, Скопје заслужено ја доби престижната титула „Европска престолнина на културата за 2028 година“ и денес сите заедно треба да сме горди на нашиот главен град.
Одлуката ја соопшти Европската комисија денеска во Брисел, по вчерашната презентација на апликациите на двата града кои беа во потесен избор, меѓу кои и презентацијата на нашата македонска делегација.
Скопје ја доби довербата за организација на годината во која ќе се слават македонската и европската култура, во нашиот главен град и во земјава.