Ф1: Објавен календарот за новата сезона со рекордни 23 трки

 Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) го објави календарот за новата сезона во Формула 1 во кој се запишани рекордни 23 трки.

Новата сезона ќе стартува во Бахреин на 20 март 2022 година, по што следуваат трките за Големата награда (ГН) на Саудиска Арабија (27 март) и ГН на Австралија (10 април), која се враќа во календарот за прв пат по 2019 година.

Нова трка во календарот е ГН на Мајами (8 мај), а по двегодишна пауза во календарот се враќаат и трките во Јапонија, Канада и Сингапур.

Следната сезона нема да се возат трките за ГН на Штаерска, Португалија, Катар и Турција.

Back to top button
Close