ФА започна истрага за создавањето на Суперлигата

Фудбалскиот сојуз на Англија издаде соопштение дека започна официјална истрага за создавање на Суперлигата.

– Откога дознавме за Суперлигата, нашиот приоритет беше да спречиме тоа да се случи, и сега и во иднина. Ние постојано разговаравме за ова прашање со владата, Премиер лигата и УЕФА. Особено, разговаравме со владата за закон што ќе ни овозможи да спречиме слична закана во иднина, за да можеме да ја браниме англиската фудбалска пирамида.

Минатата недела започнавме официјална истрага за создавањето на Суперлигата и учеството на шест англиски клубови во неа. Откако ќе ги имаме потребните информации, ќе разгледаме кои чекори треба да ги преземеме. Јасно е дека она што се случи е неприфатливо и може да им нанесе голема штета на клубовите од сите нивоа на англискиот фудбал, се вели во соопштението на официјалната веб-страница на организацијата.

На 19 април стана познато за формирањето на Суперлигата во која се вклучија и англиските екипи: Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Тотенхем.

По два дена од формирањето, управата на Суперлигата одлучи да го прекине проектот откако англиските клубови го откажаа учеството.

Back to top button
Close