ФАА препорачува внимателност на пилотите над Мексико и Централна Америка поради „воени активности“

Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФАА) вчера издаде предупредувања до авиокомпаниите да „бидат претпазливи“ во воздушниот простор над Мексико и Централна Америка поради „воени активности“.
Предупредувањето е за 60 дена поради „потенцијално опасната ситуација“ поврзана со нарушување на сателитските навигациски системи. Пилотите се предупредени за одредени области на воздушниот простор во Мексико, Централна Америка, Панама, Богота, Гвајакил и Мазатлан, како и во воздушниот простор на источниот дел од Тихи Океан.
Во известувањата се наведува дека „постојат потенцијални ризици за авионите на сите височини, вклучително и за време на полетите и слетувањата.





