„Фактор“: Лозано стана татко


Влатко Лозаноски-Лозано стана татко, објави доцна вечерва „Фактор“ повикувајќи се на извори блиски до пејачот.

Истиот портал пишува дека популарниот македонски пејач добил син.

„Синчето се вика Марко“, пишува „Фактор“ кој не открива детали за мајката на детето.

Синчето се вика Марко“, пишува „Фактор“ кој не открива детали за мајката на детето.

Лозано е еден од најпочитуваните машки вокали на домашната поп-сцена. За приватниот живот престана да зборува, особено откако ја раскина свршувачката со манекенката Савка Грачанин.

Последен пат за љубовниот живот зборуваше пред четири години во шоуто „Живот со стил“.

„Со Савка сѐ уште комуницираме. Останавме пријатели и не гледам причина зошто да не биде така“, призна тогаш тој.

Back to top button
Close