Фанк Шуи со концерт во Скопје на 12 април
Funk Shui ја одбележаа 2024 година со преку 20 концерти на Балканот (Белград, Нови Сад, Загреб, Подгорица, Шибеник, Крагуевац, Сараево…) Една година по последниот концерт во Скопје, тие повторно ќе се сретнат со домашната публика, на 12 април во Станица 26.
„После подолг период, се враќаме дома со концерт! Овој април, пред да тргнеме на Балканска турнеја, започнуваме токму тука – во нашиот град, со вас. По успешната 2024, време е да ја започнеме новата концертна сезона дома, во вистинска атмосфера. Се гледаме во Станица 26 – прва станица пред турнејата!”