Фатален инцидент на аеродромот во Амстердам – човек се заглавил во моторот на авионот

Едно лице загина денеска на аеродромот „Шипхол“ во Амстердам откако се заглавило во моторот на авионот непосредно пред полетувањето, соопшти авиокомпанијата KLM.

-Денеска на Шипхол се случи фатален инцидент при кој едно лице заврши во моторот на авион кој работеше. За жал, ова лице почина, се вели во соопштението на компанијата, во кое се истакнува дека истрагата е во тек.

Авионот се движел до пистата и требало да полета, но бил запрен откако бил откриен дефект на моторот, изјавил за британски Телеграф извор од холандската воена полиција.

Жртвата се уште не е идентификувана, а властите истражуваат дали се работи за несреќен случај или самоубиство.

Авионот бил полн во моментот на инцидентот

Back to top button
Close