Фатен измамник од Охрид: Измислувал „лажни сообраќајки“ и земал 3,6 милиони денари

Вчера од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција преземени се оперативно тактички мерки за расчистување на претходно сторени кривични дела Измама во врска со лажни сообраќајни незгоди, при што лишен од слобода е П.С.(38) од Охрид.

По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари.

До ОЈО Штип поднесена е кривична пријава по итна постапка, а по предлог на ОЈО Штип П.С. е спроведен пред Судија на претходна постапка при што му е одредена мерка притвор

Back to top button
Close