Фатиме Фетаи на прослава во Обвинителството го „разобличи“ Советот на јавни обвинители


Обвинителката во Вишото јавно обвинителство Скопје, Фатиме Фетаи која се пријави на конкурсот да го води ова обвинителство, но не доби поддршка бидејќи најголем дел од членовите беа „воздржани“, на денешната прослава во Јавното обвинителство по повод Денот на правосудството го „разобличи“ гласањето на заменик-претседателката на Советот на јавни обвинители, Марјана Илиеска.

Илиеска на интервјуто ја фалела Фетаи дека имала најдобро интервју, а потоа гласала „против“ неа.

-Г-ѓа Илиеска, ќе се согласите со мене дека вашиот коментар, лично ваш, по однос на интервјуто дента кога бевме во Советот на јавните обвинители е дека сум била најдобриот кандидат којшто бил на интервјуто и единствен којшто вреди да се гласа. Од медиумите разбрав дека сте биле против. Во ред! Но, образложете – праша обвинителката Фатиме Фетаи.

Илиеска не одговори директно, се повика на новиот Закон за Советот за јавни обвинители, кој според неа ќе содржел прецизни критериуми за избор. На последната седница Советот на јавни обвинители не избра раководител на Вишото обвинителство бидејќи никој од кандидатите не доби мнозинство гласови.

Извор:Слободен печат

Back to top button
Close