ФБИ нуди 10 милиони долари награда за фаќање на поранешен олимпијец, сега нарко-бос: Се претпоставува каде се крие

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) објави награда од десет милиони долари (9,2 милиони евра) за информација што би довело до апсење на канадскиот поранешен олимпиец Рајан Вединг, кој е осомничен дека станал меѓународен наркобос, објави денеска „Гардијан“.

Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека Рајан Вединг, познат како „Ел Џефе“ и „Џинот“, се бара поради неговата улога во операција за прекугранична трговија со дрога вредна милијарда долари, како и за неколку убиства поврзани со неговата криминална мрежа.

Американските власти рекоа дека Вединг, за кој ФБИ рече дека е еден од десетте најбарани бегалци во САД, најверојатно се крие во Мексико под заштита на нарко картелот Синалоа.

Заменик-началникот на полицијата во Лос Анџелес, Алан Хамилтон, им рече на новинарите дека „зголемувањето на наградата треба јасно да покаже дека Вединг не може да се скрие никаде“.

Back to top button
Close