Федералните агенции во САД се подготвуваат за масовни отпуштања

– Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп издаде наредба федералните агенции да подготват план за реорганизација до 13 март, како дел од подготовките за масовни отпуштања, објави Фокс њуз.

Според документот објавен од Федералната канцеларија за управување со човечки ресурси, мерката е дел од пошироката стратегија на Трамп и неговиот советник, милијардерот Илон Маск, за кратење на федералната администрација и намалување на буџетските расходи.

Трамп ја оквалификува федералната бирократија „преголема и нефункционална“. Досега беа отпуштени илјадници службеници кои биле на пробен период, а сега вниманието се насочува кон кариеpните службеници кои имаат заштита во државната служба.

Back to top button
Close