„Феникс 2010“ и се приклучи на екипата на „Ангели“ во Првата кошаркарска лига

– Кошаркарите на Феникс 2010 од следната сезона ќе играат во Првата македонска лига, откако попладнево во третиот и решавачки натпревар, избраниците на тренерот Денис Дервишевиќ славеа против екипата на Партизан Водно Санс со убедливи 79:49.

Со тоа, Феникс 2010 со вкупни 2:1 триумфираше во полуфиналната серија од плеј-офот и обезбеди прволигашки статус.

До решавачката победа екипата на Феникс 2010 стигна без репрезентативецот Андреј Митревски, кој поради повреда го пропушти решавачкиот натпревар.

Нешто порано, екипата на Ангели стана нов прволигаш откако со максимални (2-0) ја доби серијата против Чаир 2030.

Back to top button
Close