ФФМ ја одреди цената на билетите за гостувањето на Англија во Скопје

Maкедонската фудбалска федерација денес ја одреди цената за влезниците за натпреварот против Англија во Скопје во рамките од квалификациите за Европското првенство 2024 година.

Maкедонија ги загуби шансите за пласман на турнирот на најдобрите европски селекции, но до крајот ќе одиграме два натпревари против Италија и Англија.

Англија во Скопје ни гостува на 20. Ноември, а ФФМ одлучи цената на билетите да биде иста како за гостувањето на Италијанците претходно, односно 300 и 500 денари.

Одлуката беше донесена на денешната седница на Управниот одбор. Три дена пред натпреварот со Англија, Македонија ќе и гостува на Италија во Рим.

Back to top button
Close