Филипче до Брнабиќ: Ви благодарам за поканата, но нашите доктори и граѓани ќе ги вакцинираме во земјава

Сметам дека ние тука сосем добро може да го спроведеме процесот на имунизација. Голема благодарност во српската премиерка Ана Брнабиќ, но сите наши граѓани и доктори ќе ги вакцинираме тука, во нашата земја, изјави денес министерот за здравство, Венко Филипче, по вчерашната понудена помош од соседна Србија.

Тој истакна дека се работи на двата договора за вакцините на Фајзер, односно и за тие кои земјава ги купила од компанијата и за вакцините кои е договорено да ги купиме од Србија.

„Прво на нашиот драфт договор за нашите 800.000 дози и за дозволата српските власти да ги дадат фајловите зада ние ги увеземе тие вакцини во нашата земја. Причината зошто процесите одат споро е бидејќи тие се под голем притисок и комуникација со сите земји во светот“ изјави Филипче.

Back to top button
Close