Филипче: Изјавата на министерката Кочовска за пратеничката Петровска е срамна и понижувачка за секоја жена
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, ја осуди денешната изјава на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, упатена кон пратеничката од СДСМ, Славјанка Петорвска. Филипче нагласи дека изјавата на министерката Кочоска е дрска, понижувачка, со лични дискредитации што е својствено за ВМРО ДПМНЕ.
„Шокиран сум од денешната навреда што министерката за финансии, Кочовска, ја упати кон пратеничката Славјанка Петровска. Нејзината дрска и понижувачка изјава – дека Петровска не може да знае колку троши едно четиричлено семејство затоа што нема деца ме згрози. Наместо аргументи и дебата во Собранието, сведочиме на лични дискредитации што е добро познат начин на одбрана на ВМРО-ДПМНЕ. Секогаш кога се соочени со критика, нивниот одговор не е дебата, туку омаловажување. Жалам што Славјанка повторно е мета на напади. Не така одамна беше жртва на дискредитации и лаги од страна на пратеникот Ковачки. Но, Славјанка е силна жена и врвен професионалец, човек кој секогаш се однесува со почит кон сите – за разлика од оние што ја напаѓаат.Ова не е само напад врз Славјанка – ова е напад врз сите жени“, напиша на својот фејсбук профил Филипче.
При тоа, Филипче посочи со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, сведоци сме на пад политичка култура и голема нетолеранција кон критиката.
„Често сме сведоци и на јавни исмевања и навреди од поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи, дури и на нејзиниот изглед. Тоа е нивната политичка култура, навреди, дискредитации и насилна реторика. Од ден во ден, со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, сведочиме на пад на политичката култура и голема нетолеранција кон критиката. Ако ова е нивното однесување на самиот почеток, во првите моменти на нервоза, можеме само да замислиме што ќе следува“, напиша претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во објавата на својот фејсбук, во кој порача дека не смееме да се дозволи омаловажувањето и навредите да станат новата нормалност.
https://www.facebook.com/share/p/15hv46pqbb/
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста