Филипче: Левица е кинеско – руска партија која одработува туѓи интереси
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на прес-конференција рече дека Левица е кинеско – руска партија којашто одработува за туѓи интереси.

„Ние не сме здружена опозиција со ДУИ и со Левица, како што сака Христијан да го прикаже. Единствената вистинска опозиција во државата е само СДСМ. Левица виодвме за кого одработува, кинеско-руска партија. Против Европа, одработува за туѓи интереси. Тие луѓе не се за Европа. Тие луѓе ништо не ги интересира во однос на реформската агенда, освен да добијат повеќе пари преку измената на Изборниот законик”, потенцираше претседателот на СДСМ.
Филипче нагласи дека СДСМ нема да му служи на Мицкоски како алиби за избори и дека власта треба да одговара за исполнувањето на своите ветувања.
„Зошто ние да му бидеме алиби на Христијан Мицкоски? Зошто треба некој да му даде алиби за избори? Изборите доаѓаат после еден одреден временски период во којшто таа политичка структура која е на власт требала нешто да испорача. Што да испорача? Тоа што ветија. А што испорачаа? Ништо. Се што ветија се излажаа. И сега му треба алиби за избори. Зошто му треба алиби за избори од СДСМ, кога има две третини во парламентот, може кога сака да ги распише изборите”, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.






