Филипче „на кафе“ кај Ахмети во Мала Речица пред лидерската на Мицкоски
Широк опозициски фронт за ЕУ во кој би се вклучил Али Ахмети и неговата ДУИ , ова според неофицијалните информации на ТВ 24 на лидерот на интегративците му го понудил првиот опозиционер Венко Филипче на состанок во Мала Релица ден пред лидерската средба на која домаќин беше премиерот Христијан Мицкоски,

Според неофицијалните информации, средбата била на барање на Филипче и се случила неколку часа пред Генералниот Совет на ДУИ да одлучи Ахмети да оди на лидерската средба со Мицкоски.
Нема детали дали во понудата на Филипче имало и барање и Ахмети да му се приклучи во бојкотот на лидерската. Тв 24 побара став од првиот опозиционер за што разговарал со Ахмети и зошто средбата не била најавена, но Филипче само ја потврди без да открие детали.
Венко Филипче СДСМ: Средба имаше, но не би коментирал за деталите.
Дека првиот опозиционер по расколот со ДУИ, на локалните избори, каде што Филипче во одредени општини неформална ги поддржа Вреди, освен на дополнителните избори каде отворено застана зад кандидатот на Арбен Тараври кој е дел од коалицијата на Ахмети, се побидува да ги затопли односите со Мала Речица за тв 24 потврдуава висок патиски функционер и од ДУИ . Тој потврдува дека Филипче му понудил соработка на неговиот лидер во проЕУ фронт .
Пред седницата на генералниот совет претседателот Али Ахмети се сретна со претседателот на СДСМ Венко Филипче на негово барање. На состанокот Филипче на претседателот му понудил соработка во “европски опозициски фронт“, вели за ТВ 24 висок функционер на ДУИ.
…






