Филипче: Вакцините против коронавирусот се безбедни

Министерот за здравство Венко Филипче во видео обраќање им порача на граѓните дека вакцините за коронавирусот се безбедени, се развиваат на веќе проверени платформи и истите се единствен начин да ја победиме пандемијата. Тој информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број на вакцини за да се вакцинира 60% до 70% од населението колку што е потребно за да се стекне колективен имунитет.

-Вакцините се развиени по безбедносни протоколи и процедури кои што компаниите за производство на вакцини години наназад ги користат. Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите, порачува Филипче.

Тој вели дека се шират голем број на дезинформации и лажни вести на кои граѓаните не треба да подлегнуваат, а вакцинацијата ќе биде целосно безбедна.

https://fb.watch/2lE2jVPTSA/;

Back to top button
Close