Филипче: Влезот на мигранти кои имаат врска со криминал трајно ќе го стопира процесот на ЕУ интеграција

-Оваа власт е спремна на се за да ја зачува власта и не бега од преземање на мигранти што може трајно да го стопира прпцеспт на ЕУ интеграција. Тоа се лица кои имаат историја на криминал, поради тоа не добиле дозвола за престој, а не може да бидат депорторани во земјоте од каде потекнуваат – изјави на денешниот прес лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Имено, тој се повика на договорот постигнат на 18ти декември минатата година помеѓу претставниците на земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент што им дозволуваат на земјите-членки да ги депортираат барателите на азил во „безбедни трети земји“

Спогодбата ќе овозможи испраќање на барател на азил во земја надвор од ЕУ што се смета за безбедна, дури и ако нема претходна врска со неа, на пример кога постои договор или аранжман помеѓу третата земја и државата на ЕУ.

Претходно, од барателите на азил се бараше да имаат тесна врска со таквата земја, како што се семејни врски или претходен продолжен престој таму.

Сега барателите на азил можеа да бидат депортирани во земји што никогаш не ги посетиле и со кои немаат семејни, културни или други врски. Меѓутоа, за малолетници без придружба, исклучокот што го бараат земјите на ЕУ останува на сила: врската со земјата во која се депортираат ќе продолжи да биде задолжителен услов.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close