Филипче за вакцините: имам чувство дека во јануари почнуваме

„Моето чувство е дека во јануари ќе почне процесот на вакцинација без разлика кога и од каде ќе стигнат
вакцини. Во првата половина на јануари ги очекуваме и фрижидерите, но тоа и не е толку важно бидејќи веќе има фрижидери за на минус 80 степени“, изјави за ТВ 24 министерот Филипче.
Неизвесно е кога Македонија ќе добие вакцини против Ковид и од кој производители, но министерот Филипче вели-имам чувство дека во јануари ќе започне вакцинацијата без разлика од каде ќе добиеме вакцини.
Ковакс системот се уште не кажува кога ќе ги добиеме вакцините и колкава количина ќе пратат. Се чека и од директното преговарање со производителите Фајзер и Астра Зенека да кажат кога и колку дози ќе пратат, вели Филипче.
Третиот механизам преку кој очекуваме да добиеме вакцини се земјите од ЕУ кои треба да одвојат мал процент од нивните количини за земјите кои не се во Унијата. Македонија очекува да добие дел од вакцините од Бугарија, Австрија и Грција бидејќи на тоа ги обврзува ЕК. Но, сега има нов проблем-големите земји добиле помали количини вакцини од Фајзер бидејќи имало помалку од планираното.
Владата на 10 декември објави дека извршиле авансна уплата за 833 000 вакцини за 400 000 граѓани преку Ковакс. Адвокатот Александар Тортевски вчера обвини дека за да обезбеди вакцини Владата морала до 28.9. да потпише правно ОБВРЗУВАЧКИ договор и најдоцна до 9.10. да уплати аванс.
„Испратиле правно НЕОБРЗУВАЧКА изјава и не го запазиле рокот за плаќање. Резултатот од јавашлукот ќе биде илијадници мртви, стотици илијади заболени и колапс“, напиша Тортевски на Твитер.
Филипче пак, вели-договорот со Ковакс е важечки и обврзувачки, но и да не е, тоа не ја менува динамиката за испорака на вакцините. Се правда дека не одговориле на понудата на Русија во септември, за вакцините на Спутник бидејќи, како што вели, тогаш се уште биле во третата фаза на испитување.
За да обезбеди вакцини Владата до 28.9. морала да потпише правно ОБВРЗУВАЧКИ договор и најдоцна до 9.10. да уплати аванс. Испратиле правно НЕОБРЗУВАЧКА изјава и не го запазиле рокот за плаќање. Резултатот од јавашлукот ќе биде илијадници мртви, стотици илијади заболени и колапс.






