Филмови на „Авард филм и видео“ на фестивали во Поградец, Белград и Измир

 Документарниот филм „Кеиф“ во продукција на на „Авард филм и видео“ и во режија на Блаже Дулев, на 15 септември беше прикажан на „Балкан Филм анд Фуд Фестивал“ во Поградец, Албанија. По оваа проекција, филмот на 24 септември ќе биде прикажан и на фестивалот за музички документарен филм „Док енд ритам“ во Белград, а во средината на октоври филмот ќе биде дел и од фестивалот „Балкан Филм Панорама“ во Измир, Турција.

Покрај проекциите на „Кеиф“, на наведените фестивали „Авард филм и видео“ ќе учествува и со две ко-продукции – албанскиот игран филм „Отоворена врата“ во режија на Флоренц Папас, кој ќе биде прикажан на „Балкан Филм анд Фуд Фестивал“ во Поградец и хрватскиот докуметарен филм „Туста“, во режија на Андреј Коровљев, кој ќе учествува на фестивалот „Док енд ритам“ во Белград.

На фестивалот „Балкан Филм Панорама“ во Измир, пак, ќе биде прикажан играниот филм „Ах, љубов моја“, во режија на Коле Ангеловски.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close