Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година
Биографски приказни, продолженија на големи франшизи и оригинални Биографски приказни, продолженија на големи франшизи и оригинални блокбастери ја одбележаа првата половина на 2026 година. Некои филмови ги надминаа очекувањата на публиката, а дел од нив постигнаа светски рекорди.

Прв на листата е биографскиот филм „Мајкл“, посветен на животот и кариерата на Мајкл Џексон. Филмот ја надмина границата од една милијарда долари заработка ширум светот. Со Џафар Џексон во главната улога, се најде на листата како најуспешен музички биографски филм. И покрај големиот успех филмот не помина без критики.
По него е „Повик“, љубовна драма за довербата и проблемите што се појавуваат во долгогодишните врски. Филмот е во режија на Оливија Вајлд. Поради својата комбинираност од драма и комедија филмот привлече големо внимание кај публиката. Актерската екипа ја сочинуваат Сет Роген, Оливија Вајлд, Пенелопе Круз и Едвард Нортон.
Како трет филм што постигна голем успех е филмот „Опсесија“, нискобуџетен хорор со заработка над 400 милиони долари, стана едно од најпрофитабилните остварувања направени со мал буџет. Филмот е во режија на Кари Баркер, со Инде Наварете во главната улога.
Уште еден голем хит за 2026 година е „Ѓаволот носи Прада 2“, продолжение на популарниот филм од 2006 година. Со заработка од стотици милиони долари на светско ниво, ја зголеми вкупната заработка на франшизата со над една милијарда долари.
Меѓу филмовите се најде и новиот филм на Стивен Спилберг, „Ден на откривање“, со научнофантастична тематика. Со Емили Блант во главната улога и заработка од 235 милиони долари. Во филмот, според критичарите, најголем впечаток остава атмосферата, визуелниот стил и научно-фантастичниот пристап.
Последен на листата на хит филмови се најде филмот на Кристофер Нолан „Одисеја“ што е меѓу најочекуваните филмови во 2026 година. Инспириран од епот на Хомер, филмот привлече голема заинтересираност од публиката, со над 260 милиони заработка, уште во првиот викенд.






