Финансова полиција влегла во ЈСП. Ја чешлале документацијата за работата на приватните превозници?

Инфомакс дознава дека Финансова полиција влезе во Јавното сообраќајно претпријатие и ја чешла документацијата за досегашното работење на приватните автобуски превозници Слобода превоз и Макекспрес.

Според порталот Финансова полиција постапува по допрен глас откако градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на прес-конференција соопшти дека приватните превозници наједноставно, наплаќале билети, а тие пари не ги пријавувале. Потоа овие пари веројатно завршувале во нечиј џеб, за потоа Слобода превоз и Макекспрес да фактурираат од ЈСП по 400.000 евра секој месец.

Ова траело цели 5 години, а последното информација дека е продаден билет е на крајот на 2017 година.

Како што може да се види од аналитичките карти, доказ дека ова се случувало е дека од 2017 година одбивале да добавуваат, не само карти и фискализираат сметки, со тоа што сите средства кои ги добавувале завршувале некаде, но никој не знае каде. Уште поголемо е оштетувањето за сметка на она, наместо да се плати разликата којашто ја наплаќале од граѓаните, тие ја наплаќале полната сума, што значи не пријавиле ниту еден продаден билет, истакна Арсовска.

Финасова полиција како што пренесе Инфомакс во моментов ги проверувала информациите дека Слобода превоз и Макекспрес затајувале приходи од 200 до 300.000 евра секој месец или севкупно за изминатите пет години околу 10 милиони евра.

Back to top button
Close