Фирмата на Артан Ајрули добивала тендери и од министерството со кое раководеше Артан Груби


Артан Ајрули, сопственикот на компанијата РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово e внук на сопругата на Елми Азири. Тој во период од 17 месеци, само од Државната лотарија на Макеоднија каде директор беше Перпарим Бајрами добил 402,261 илјади евра за реализирани шест јавни набавки.Сите се за набавка на техничка опрема како телевизори, компјутери, лап-топ, УПС, графичка станица и друго.

Но тоа не е се. Се до изборите, компанијата на Артан Ајрули добивала тендери и од министерството со кое раководеше Артан Груби. За набавка на информатичка опрема, министерството исплатило 24.390 илјади евра.

И тоа не е единствената набавка, вкупно компанијата Ритрон Копи од Куманово од Министерството за политички систем добило 67.904 илјади евра.

Поранешниот министер Артан Груби и поранешниот директор на Државна лотарија во моментов се во бегство и не се достапни за органите на прогонот. За двајцата распишани се меѓународни потерници.

Back to top button
Close