ФК Тетекс со ново раководство и стручен штаб

Фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово информира дека е избрано ново раководство. Мирче Блажески е нов претседател, потпретседатели се големите имиња на македонскиот фудбал Стојмир Урошевиќ и Борче Мирчевски.

-Сакам да се заблагодарам на собранието на ФК Тетекс за довербата која ми укажа да застанам на чело на еден од најголемите македонски клубови. Првата цел ќе ни биде клубот да го отвориме за сите спортски работници и за оние имиња кои нешто значат во фудбалско Тетово. Во изминатиот период клубот беше затворен, тешко можеше да се дознае што се случува и потесното раководство, но и јавноста немаше увид што се случува во клубот.Акцент ќе биде ставен на младинската школа која треба да се развива и да го врати стариот сјај, изјави Блажески.

Бојан Захариев ќе извршува функцијата тим менаџер и ќе биде задолжен за тренирање на првата екипа, како и за целиот спортски дел.

-Тетекс не е маалски клуб, баш напротив е еден од најголемите клубови не само во Македонија, туку и пошироко во југославенски рамки и токму затоа ми е чест што ќе работам во овој клуб. Нема да ветуваме нешто што не можеме да го оствариме. Целта ќе биде развој на младинските категории, Тетекс повторно да произведува репрезентативци, кои воедно ќе бидат и носители на играта на клубот. Можност да се покажат и докажат ќе добијат сите големи таленти кои се во клубот. Ќе ги вратиме и они играчи кои потекнуваат од Тетекс, а сега играат во други клубови. Ќе донесеме и млади репрезентативци кои ќе имаат можност да бидат видени од најголемите клубови и соодветно скаутирани. Во свое име како автор на проектот “Спортот обединува” сериозно ќе се залагам за активирање на сите фудбалски ветерани кои го граделе Тетекс низ годините во минатото и можат да дадат уште многу за доброто на клубот и идните генерации, изјави Захариев на промоцијата.

Клубот ќе го ангажира Ивица Јовановски за координатор на младинските категории. а

Back to top button
Close