Флоранс Парли: Никој денес не може да ги предвиди намерите на Путин

–осси€. ћосква. ћинистр обороны ‘ранции ‘лоранс ѕарли на пресс-конференции по итогам заседани€ российско-французского —овета сотрудничества по вопросам безопасности в ƒоме приемов ћ»ƒ на —пиридоновке. јнтон Ќоводережкин/“ј——
Француската министерка за вооружени сили Флоранс Парли оцени дека „денес никој не може да предвиди какви се намерите на Владимир Путин“. Тоа го изјави за време на посетата во поморската база Тулон (Вар) на југот од Франција.
Запрашана од новинарите за можните недостатоци во очекувањето на европските земји за руската инвазија на Украина, министерката увери: „Она што беше видливо, го видовме“, но „тешко е да се „предвидат намерите на претседателот Владимир Путин, дотолку повеќе кога кажаното не е она што е направено“.
-Веќе неколку недели се спроведува многу важно руско воено распоредување околу Украина во рамките на планираните воени вежби, потсети министерката