Фокус- Лукровски го фатило паника од одговорност и не потпишува ништо. ВМРО ДПМНЕ не му прифатило оставка
Од првиот момент кога Лукровски седнал на градоначалничката фотеља и по муабетите што се плетеле во општината каква се одговорност има градоначалникот, тој експресно почнал да се повлекува затоа што не сака да потпишува документи кои можат да отворат лична кривична одговорност поврзана со новоградби, легализација на дивоградби, финансиски трансфери и фаворизирање на фирми.
И тоа посебно документи поврзани во периодот кога со општината владеел Јакимовски. Тој почнал да влегува во паника и не потпишувал буквално ништо, а со истото темпо продолжил и понатаму.
Фокус дознава дека тој неколку пати име преговарано со раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека сака да се повлече од позицијата, но од таму не добил зелено светло. Во меѓувреме, Лукровски бара Советот да биде тој кој ќе одлучува и потпишува за тендерите, но тоа е незаконски и таквото негово барање било експресно одбиено.
Сепак, од ВМРО за да му ја олеснат работата, во општината го носат Александар Јанакиески, кој бил раководител на Секторот за урбанизам во скопска Гази Баба, како и две вработени во урбанизам од Центар. Но, ни тоа не помогнало за конечно актуелниот градоначалник на Карпош, да стави свој потпис на документите.
Изворите на фокус тврдат дека тие биле донесени за да влијаат да се потпишат сите одобренија и решенија, кои со месеци чекале на потпис од актуелниот градоначалник.
Според нашите информации, Лукровски досега не поднел официјална оставка, која мора да ја достави до министерот за локална самоуправа Златко Перински. Во моментот, како единствена опција е да остане на боледување, но главен проблем е тоа што од неговото владеење со општината остануваат уште три ипол години, кои според закон нормално дека не може да биде на боледување.
Повеќе на фокус.мк






