Фон дер Лајен- Сега ЕУ требе да испорача. Ве сакаме покрај нас
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска од Скопје порача дека сега е време Европската унија да испорача.
-Вистината е дека иднината на Северна Македонија е во Европската унија. Ве сакаме покрај нас. ЕК и самата јас стоиме на тоа. Вие постигнавте извонреден напредок и донесовте храбра одлука и сакам да ви честитам за тоа. Навистина сакам бидам јасна дека сега Европската унија треба да испорача. ЕУ и Северна Македонија веќе ги здружуваат силите, рече Фон дер Лајен.
Таа посочи дека битката со пандемијата сѐ уште не е завршена и треба да се забрза имунизацијата.