Фон дер Лајен за американските царини: Ќе ги заштитиме нашите работници, бизниси и потрошувачи

Длабоко жалам поради одлуката на САД да воведат царини за европскиот извоз на челик и алуминиум, објави претпладнево на Икс претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– ЕУ ќе дејствува за да ги заштити своите економски интереси. Ќе ги заштитиме нашите работници, бизниси и потрошувачи, наведе Фон дер Лајен во реакција на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 25 отсто на увозот на челик и алуминиум во САД.

Таа додаде дека царините се даноци, кои се лоши за бизнисот, полошо за потрошувачите и на кои ЕУ ќе одговори.

– Неоправданите царини кон ЕУ нема да останат без одговор – тие ќе предизвикаат цврсти и пропорционални контрамерки, потенцира Фон дер Лајен во објавата.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, претходно најави дека ако САД воведат царини и не и остават на ЕУ „друг избор“, тогаш „Унија ќе реагира обединето“.

– На крајот, трговските војни секогаш ги чинат двете страни просперитет, додаде Шолц.

Трамп објави дека од утре ќе воведе царини од 25 отсто на увозот на челик и алуминиум.

– Утврдив дека увозот на челични производи се заканува да ја наруши националната безбедност и решив дека е неопходно да се прекинат овие аранжмани од 12 март 2025 година, наведе Трамп во извршната наредба

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close