Ранет е 48 годишен скопјанец, пукале кон него на влезот во Арачиново

МВР информира дека рано утринава околу 01:50 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив бил донесен А.М.(48) од Скопје со повреди од огнено оружје.

Имено, според пријавеното, тој се здобил со повредите на влезот на с. Арачиново, скопско, откако од возило едно лице кое го познавало, а било во придружба со друго лице, со огнено оружје пукало кон него.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close