ФОТО | Дојава за бомба на гала вечерта на Санремо, полицијата итно евакуирала 30 пејачи
Дојава за бомба ја прекинала гала вечерата во вилата „Нобел“ во Санремо, на која присуствувале речиси сите 30 учесници на истоимениот музички фестивал, а по проверката на полицијата било утврдено дека локацијата е безбедна.
Издадена е итна наредба за евакуација на просториите и куќите во близина на објектот, а на лице место пристигнале полицијата, пожарникарите и кучињата тренирани за откривање експлозив.
Вилата „Нобел“ и дел од блискиот автопат Аурелија биле повторно отворени во 2 часот по полноќ, а тогаш и на станарите од евакуираните куќи им било дозволено да се вратат во своите домови.