Фото: Две лица загинаа во тешка сообрќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани

Во тешка сообраќајна несреќа која се случи денес на експресниот пат Штип – Кочани во близината на селото Тркање, починаа две лица.

Во несреќата учествувале две патнички возила, марка „Пежо и „Фолксваген Уп“. Едно од возилата во сообраќајката било опожарено при што интервенирала кочанската пожарна единица.

Од министерството за внатрешни работи го потврија случајот преку соопштение:

-Денес 07.03.2025 година околу 14.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип Кочани, кај с.Тркање кочанско, се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила со кочански регистарски таблички. Од здобиените повреди двајцата возачи починале на местото на несреќата. Увидот е во тек, соопштија од МВР.

Фото: Радио Кочани

Back to top button
Close