(ФОТО) Филипче на Твитер одговори на барањата на ВМРО-ДПМНЕ за негова оставка

На фотографијата е забележително дека ниту еден од присутните на состанокот на Патриотскиот институт нема заштитна маска, ниту пак е запазено растојание, што го предвидуваат протоколите за организирање на настани.

Министерот за здравство Венко Филипче, кој од почетокот на пандемијата постојано е активен на социјалните мрежи со промовирање на превентивните мерки и со апели за нивно почитување, вчеравечер на Твитер објави твит со иронична содржина, која е директна критика на кршењето на протоколите за заштита од корона вирус од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Состанок на ВМРО-ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот“,

е содржината на твитот која стои над фотографија на која е претседателот на Патриотскиот институт на опозициската партија, Александар Пандов и триесетина членови ил симпатизери на партијата.На фотографијата е забележително дека ниту еден од присутните нема заштитна маска, ниту пак е запазено растојание, што го предвидуваат протоколите за организирање на настани.

Твитот на Филипче е одговор на постојаните барања од ВМРО-ДПМНЕ за негова оставка, особено изминатите неколку недели откако нагло порасна бројот на заразени во земјава, при што него директно го обвинуваат за погрешна политика во справување со пандемијата.

 

 

 

 

Back to top button
Close