ФОТО: Герила акција – Дебармаалската романтика на Груевски и Орбан

Во скопско Дебар Маало е поставен телевизор на кој се гледаат имиња на медиуми во сопственост на бизниси кои се поврзуваат со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, кој му овозможи азил на поранешниот премиер осуден на две години затвор за примање награда за противзаконито влијание во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес,  Никола Груевски.

На телевизискиот екран се расфрлани банкноти кои потсетуваат на медиумската корупција на Груевски, кој за пропаганда на телевизиите без никакви критериуми потроши 38 милиони евра буџетски пари на граѓаните.

Груевистичката пропагандна машина не престанува да пере мозоци ниту откако Груевски избега од правдата, во Будимпешта. Со таа разлика што овие медиуми веќе не се финансираат од пари на граѓаните, туку од реклами на сомнителни бизниси и реклами за маслиново масло од Будимпешта.

 

Back to top button
Close