ФОТО: Гори депонијата Вардариште исклучена струјата во Аеродром

Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, известува дека Противпожарната бригада, од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина, гаснат запалена сува трева и отпаден материјал.

Моментално во гаснењето учествуваат седум противпожарни возила и најмалку 20-тина пожарникари.

Поради опасноста од зафаќање на трафостаница и електрични водови, превентивно струјата е исклучена и поради тоа поголемиот дел од општината Аеродром е без електрична енергија.

Back to top button
Close