(ФОТО) Извлечен е автомобил со две лица заглавен во реката Пчиња во Старо Нагоричане

Поради излевање на реката Пчиња, ТППЕ (Територијалната противпожарна единица) Старо Нагоричане утрово во 07:35 часот интервенираше за спасување на две заглавени лица.

Интервенцијата се случила по повик од 112, а лицата биле заглавени во близина на бањата во село Стрновац, Општина Старо Нагоричане. Единицата интервенирала со едно возило и двајца пожарникари.

Поради опасноста од излевање на реката, се апелира до граѓаните на Општина Старо Нагоричане да избегнуваат секакво движење и активности по течението на река Пчиња

Back to top button
Close