ФОТО: Километарски колони за влез во Македонија вечерва на овој премин

Километарски колони за влез во земјава од Србија на граничниот премин Табановце. Граѓаните со часови се заглавени во своите возила и во автобуси и чекаат за влез во земјава.

Од полициската станица на граничниот премин Табановце одговорија дека сите ленти се полни, има огромна гужва, во 6 колони, од кои 3 се за приватни возила, една колона се автобуси, и 2 се за камиони, и дека не можат ништо да сторат, и колоната се создава уште на српската страна.

Главниот проблем е напливот на вработени во странство, македонски и странски државјани кои транзитираат низ земјава, кои се упатиле во своите земји за новогодишните и божиќните празници (4news)

Back to top button
Close