ФОТО: Мицкоски во Вашингтон се сретна со новинарот Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

Премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон објави заедничка фотографија со Такер Карлсон,познатиот новинар кој направи интервјуа со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров за време на војната во Украина.

„Разговарав со еден од највлијателните американски новинари, Такер Карлсон. Тој е познат по своите десни конзервативни ставови и со огромно влијание во американското општество. Пријатна средба и можност за размена на мислења и ставови за Македонија и регионот. Го поканив да ја посети нашата земја“,објави Мицкоски.

Според најавите премиерот Мицкоски денеска ќе присуствува на инаугурацијата на старо-новиот американски претседател Доналд Трамп, а при тоа оствари средба со неговиот соработник Давид Нунес.

Мицкоски имал состанок со Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија,како и со бизнисмените со македонско потекло Џон Битов и Крис Павловски.

„Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните. Меѓу другото ги посочив напорите кои Владата ги дава за стабилизирање на економијата, рекордот кој го остваривме во привлекување на инвестиции во државата и поволностите кои се нудат. Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас“,додаде Мицкоски

Back to top button
Close