ФОТО: Отстранети барокните канделабри од плоштадот „ВМРО“
Конечно се отстрануваат канделабрите кои беа поставени пред неколку години на плоштадот „ВМРО“

Се работи за т.н. канделабри од метал со различни елементи кои имитираат барокен стил а беа поставени во близина на седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Како што може да се забележи од фотографиите, екипите на терен извршија демонтирање и товарење на канделабрите во камион, а со тоа се ослободува просторот каде што беа поставени.
Фото: 4news






