(ФОТО)Погрешно знаме на прославата во Охрид по повод независноста — наместо осум, имаше 12 краци

Знаме со 12, наместо со осум краци, синоќа беше прикажано на големата прослава во Охрид како дел од одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија.

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ беше одржан на стадионот „Билјанини извори“. Охрид беше првата станица од најавената турнеја, која треба да опфати 11 македонски градови. Завршниот настан е најавен за 4 септември во Скопје.

Прикажувањето на знамето предизвика реакции од опозицијата.

„На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме“, изјавија од СДСМ.

Оттаму побараа Владата да објави која компанија била ангажирана за организацијата на настанот и да се соопшти колку средства биле потрошени за прославата, како и кој ќе понесе одговорност за пропустот.

Back to top button
Close