(ФОТО) Пробиен Царевец главната пречка на патот до Галичник, останува уште два дела за достапност

Патот до Галичник е пробиен и во моментов се дорасчистува уште деловите Смрдливи вирови и Фрчец.

 

Сепак, од таму апелираат до сите граѓани кои планираат да се упатат кон ова планинско село да возат внимателно и со зголемена претпазливост. На одредени делови од патот сè уште има поголеми количества снег, а поради временските услови можно е да се појават и повремени одрони.

Според моменталната временска прогноза, во текот на следната недела, особено во среда, се очекуваат нови врнежи од снег, што може повторно да влијае врз состојбата на патот.

Надлежните најавуваат дека доколку дојде до промени во условите на патот, јавноста ќе биде навремено информирана (48часа)

Back to top button
Close