Фото: Редок астрономски настан во Македонија

„Скопско Астрономско друштво“ објави информации на нивниот „Фејсбук“ профил за редок астрономски настан што се случил синоќа:

Вчера имавме многу редок настан, каков што не сме виделе од Македонија повеќе од 10 години. Се работи за таканаречена окултација на Сатурн и Месечината. Имено, дискот на Месечината помина пред дискот на Сатурн, прикривајќи го Сатурн некое време, за малку подоцна повторно да се појави на другата страна на Месечината. И, иако се подготвувавме за овој настан, облаците како и обично ни ги уништија плановите и не можевме да ја фотографираме оваа окултација.

Тие сепак успеале да најдат фотографии од други астрофотографи ширум светот. Фотографијата е од Макрем Ларнаут од Тунис каде што исто така бил видлив феноменот.

Back to top button
Close