ФОТО: Тешка сообраќајка пред малку на автопатот Тетово – Скопје – се стравува за животот на патниците

Автомобил излетал од коловозот на автопатот Тетово–Скопје, поради што сообраќајот во моментов се одвива само по една сообраќајна лента.

Според првичните информации, на местото на несреќата е запрен и камион, но засега не е познато дали дошло до контакт меѓу него и автомобилот што излетал од патот.

На местото се запрени и повеќе возила кои се движеле пред и зад автомобилот што учествувал во несреќата.

Во моментов нема официјални информации дали во несреќата има повредени лица. Се очекуваат детали од Министерството за внатрешни работи.

Фото: тв21

Back to top button
Close