ФОТО: Трамп покажа среден прст на вработен во Форд

Американскиот претседател Доналд Трамп му покажал среден прст на работник додека бил во обиколка на фабрика на Форд во Мичиген во вторникот.

Инцидентот се случил во услови на растечки притисок врз Белата куќа за објавување на тајни досиеја за Џефри Епштајн.Видеото до кое дојде TMZ прикажува лице како вика во правец на Трамп, иако не е сосема јасно што точно кажува. TMZ објави дека лицето наводно извикало „заштитник на педофилите“ кон американскиот претседател.

Потоа Трамп реагираше бурно на скандирањата од толпата додека го обиколуваше комплексот на Форд во Ривер Руж во Мичиген, а од неговите усни беше очигледно дека изговорил пцовка.

Back to top button
Close